1 C
Skopje
Friday, March 5, 2021

Опозицијата обвинува за доцнење со вакцините, власта тврди дека обезбедува вакцини преку три механизми

Најчитани вести

Преку три механизми, Владата предводена од СДСМ обезбедува вакцини против ковид-19, за 60 отсто од населението, реагира владејачкиот СДСМ откако претходно ВМРО-ДПМНЕ обвини дека освен Македонија, целиот регион почна со вакцинирање.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски рече дека Заев и Филипче лажно ветиле вакцини за македонските граѓани со секоја пратка од Грција и Бугарија, како и истовремен почеток на вакцинација со земјите од ЕУ.

„Вакцинацијата во Грција започна на 27 декември! Вакцините во Софија и во Атина пристигнаа на ден претходно, на 26 декември, и веднаш беа распоредени низ Бугарија и низ Грција. Ама пратка за Македонија немаше. Е па Зоране Заев, што е тоа навремено според тебе, кога ќе дојдат вакцините од Бугарија? Кога ќе дојдат вакцините од Грција? Кога ќе пристигнат нарачаните вакцини? Колкави се количините кои што ќе дојдат како помош, а колку се нарачани? Зошто ги нема до сега?“, праша Стоилковски.

СДСМ во реакцијата наведе дека ВМРО-ДПМНЕ обезбедува само деструкција и лажни вести, и работи против интересите на граѓаните и државата.

„Безмалку една година ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски го поткопува здравствениот систем, го погазува трудот на здравствените работници, а во последните недели шири лаги и невистини со кои се обидува да внесе вознемиреност во јавноста. Граѓаните да бидат спокојни, да не подлегнуваат на лажните тези на ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од СДСМ, преку три механизми, ќе обезбеди вакцини против корона вирусот за вакцинирање на 60 проценти од населението. ВМРО-ДПМНЕ, како и досега ќе обезбеди само шарени лаги и деструкции“, наведе СДСМ во реакцијата.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести