Home » Опозицијата и денеска го повтори ставот-единствен излез од кризата се предвремени избори

Опозицијата и денеска го повтори ставот-единствен излез од кризата се предвремени избори

by Журнал.мк

Власта и опозицијата не запираат со вербалните престрелки кој е за, а кој против европската иднина на државата. Од ВМРО-ДПМНЕ го повторија ставот дека единствен излез од кризата се предвремени парламентарни избори. Велат дека интегративците и социјалдемократите вештачки ја одржувале власта, а Македонија тонела. Прогнозираат дека учебната година ќе почне повторно без книги, болните од ретки болести преку пораки ќе бараат донации, младите ќе се иселуваат, државата и натаму ќе се задолжува.

ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Мицкоски се против ЕУ, но СДСМ нема да дозволи блокада на тој пат, велат од Бихаќка. Посочуваат-ниту има бугарски диктат, ниту пак е можно да се повторно да се преговара за нов договор. Социјалдемократите уверуваат дека продолжува битката за обезбедување мнозинство во Собранието, за како што велат постигнување на врвните национални и државни интереси.

Во петокот во законодавниот дом имаше само тричасовна дебата за иницијативата за уставните измени, заврши без изјаснување, коешто ќе биде дополнително закажано. По гласањето за дневниот ред, со 70 за и 47 против, власта сè уште го нема потребното двотретинско мнозинство за уставни амандмани.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More