Home » Опозицијата во Албанија бара казна затвор за тој што ќе нападне медиумски работник

Опозицијата во Албанија бара казна затвор за тој што ќе нападне медиумски работник

by Журнал.мк

Албанските опозициски демократи доставија до парламентот предлог-измени и дополнувања на кривичниот законик, со кои се бараат казни од 1 до 5 години затвор за лицата кои физички нападнале новинари, сниматели или фоторепортери за време на извршувањето на нивната должност.

Текстот на предлогот во законодавниот дом го достави пратеничката Ина Жупа, која изјави дека со поднесената иницијатива се бара „зголемување на казните за оние кои се закануваат, физички напаѓаат, омаловажуваат, уценуваат новинари и други медиумски работници“.

Во изјава за медиумите Жупа нагласи дека казните се класифицирани како „напад на лице при вршење службена должност и се со иста строгост како и казните против вработени во државната полиција или против лекар“.

Неопходноста од донесување на измените го поткрепува, меѓу другото и со последните неколку случаи каде што биле нападнати новинари од ТВ „Репорт“, потоа од емисијата „Фикс Фаре“ на Топ чанел, и други новинари кои добивале заканувачки пораки или им се заканувале додека ја вршеле својата работна задача.

-Да не заборавиме дека медиумските работници, од репортери, сниматели, новинари, сите често ги ставаат на ризик своите животи за да пренесат одредена вест. А нивните извештаи, особено кога станува збор за истражувачки емисии, се во служба на расветлување на вистината, во служба на јавниот интерес. Се надевам амандманите што ги поднесовме, ќе бидат ставени на дневен ред со што граѓаните ќе може да слушнат а пратениците да ги кажат своите мислења за и против, рече Жупа.

Албанија добива низа негативни извештаи за слободата на медиумите а не изостануваат и случаи на политичко влијание.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk