19.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

ОН ја предупредија армијата за последици од насилство врз демонстрантите

Најчитани вести

ОН ја предупредија армијата на Мјанмар, која ја презеде власта во земјата со државен удар, за тешките последици од какво било насилство употребено врз демонстрантите.

Портпарол на ОН изјави дека Специјалната претставничка на ОН за Мјанмар, Кристина Шранер Бургенер, разговарала со уште еден член на воената хунта вчера и рече дека правото на мирно собирање мора целосно да се почитува и дека демонстрантите не треба да бидат казнети.

Во соопштението се наведува и дека официјалниот претставник на ОН и рекол на армијата во Мјанмар дека светот внимателно ги следи настаните во таа земја и дека каква било форма на груб одговор кон демонстрантите веројатно ќе има сериозни последици.

Во својот извештај за состанокот, армијата на Мјанмар објави дека потпретседателот на Државниот совет, генерал Со Вин, го информирал претставникот на ОН за плановите на воената администрација и информации за реалната состојба во Мјанмар.

Армијата доцна вчера објави дека протестите ја загрозуваат стабилноста и дека луѓето се во страв поради тоа.

И покрај распоредувањето оклопни возила и војници во некои поголеми градови за време на викендот, демонстрантите продолжија со протестите со осуда на преземањето на власта од страна на војската на 1 февруари и бараат ослободување на притворените лидери меѓу кои и Аунг Сан Су Чи и други цивилни лидери.

Армијата го прекина интернетот и во текот на оваа ноќ, иако во функција е повтопрно од околу 9 часот наутро по локално време.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести