0 C
Skopje
Friday, January 15, 2021

ОН со предупредување: Ќе има глад каква што не е видена 40 години

Најчитани вести

Не стивнуваат реакциите по одлуката на американската администрација да ги стави јеменските хути на списокот на терористички организации. Предупредување пристигна од ООН.

Помошникот на генералниот секретар на ООН за хуманитарни прашања, Марк Лукок, најави дека ќе ги повика Соединетите Држави да се откажат од планот за прогласување на проиранските, шиитски хути во Јемен за странска терористичка организација, бидејќи сметаат дека тоа дополнително ќе ја турка земјата во „глад без преседан речиси 40 години“.

Лукок најави дека ќе укаже дека американските планови за издавање дозволи и олеснувања на хуманитарни организации нема да спречат глад во Јемен, објави „Ројтерс“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести