-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

ОН предупредуваат на зголемен број на жртви во Авганистан

Најчитани вести

Обединети нации предупредија дека во текот на оваа година во Авганистан ќе има огромен број цивилни жртви, доколку продолжат конфликтите што почнаа со офанзива на талибанските бунтовници.

Во својот извештај објавен денеска за цивилните жртви во првата половина од годината, Мисијата на ОН во Авганистан наведува дека очекува во 2021 година да има најголем број цивилни жртви од 2009 година.

– Цивилните жртви во Авганистан во првата половина од 2021 година достигнаа рекордно ниво, а посебно се зголемени смртните случаи и повреди од мај, кога меѓународните сили почнаа да се повлекуваат и борбите ескалираа по офанзивата на талибанците, соопштија ОН.

Според извештајот, 1.659 цивили биле убиени и 3.254 повредени во првата половина на 2021 година, што е за 47 проценти повеќе отколку во првата половина на 2009 година.

Талибанците почнаа офанзива против авганистанските сили во мај, кога почна повлекувањето на странските трупи од државата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести