25.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

ОН: Кокаин се произведува во најголеми количини досега

Најчитани вести

Производството на кокаин во периодот од 2017 година до денес достигнало највисоко ниво досега, а хероин во Западна и Централна Европа се шверцува првенствено од Авганистан преку Балканот, се наведува во годишниот извештај за наркотици на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и организиран криминал (УНОДЦ).

Ширум светот во 2017 година околу 271 милион луѓе користеле наркотици, а околу 35 милиони, што е повеќе од очекуваното, биле зависни од наркотици и биле под медицински третман.

Бројот на лица кои користат дрога останува на стабилно ниво во споредба со претходниот извештај, но во споредба со 2009 година е зголемен за околу 30 проценти.

Канабисот е најшироко распространета дрога во светот, се наведува во извештајот, според кој 188 милиони луѓе ја користеле оваа дрога во 2017 година.

Околу 53,4 милиони луѓе, или 56 проценти повеќе отколку во 2016 година, користеле опиоиди како хероин и опиум.

Што се однесува до производството на кокаин, во 2017 година биле прозиведени 1.976 тони што е повеќе од кога било.

Во извештајот се истакнува дека Колумбија е најголем производител на кокаин (со произведени 70 отсто од вкупната количина).

Вкупно 18 милиони луѓе ја користеле оваа дрога, а најголем број на зависници се лоцирани во Северна Америка и Океанија.

Кокаинот кој влегува на европскиот пазар потекнува од Перу, Боливија и Колумбија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com