7.3 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Онлајн ќе се реализира наставата и во второто полугодие

Најчитани вести

Наставата во второт полугодие продолжува со истите мерки и препораки, како и досега соопшти Министерството за здравство по средбата на министерите за здравство Венко Филипче и за образование Мила Царовска со претставниците на Сојузот на средношколци.

„И во второто полугодие наставата во основните и средните училишта продолжува да се одвива онлајн со исклучок на учениците од прво до трето одделение кои посетуваат настава со физичко присуство во училница, согласно капацитетите на училиштата за спроведување на планот и протоколите на Министерството за образование и наука и со одобрување од родителите.

-Ја следиме епидемиолошката состојба и доколку следните месеци се покаже стабилизирање ќе донесеме други одлуки, но тоа ќе се случи откако ќе бидеме сигурни дека трендовите со намалување на новозаразени со ковид ќе продолжат – рече Филипче.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести