20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Онлајн предавање: Промовирање текстуална анализа и родови теории преку „Лејди Стардаст“ на Боуви

Најчитани вести

Во рамките на четвртото издание на „Студентската музичка пролет“, во понеделник (12 април) од 15:30 часот ќе се одржи онлајн предавање „Промовирање текстуална анализа и родови теории преку ‘Лејди Стардаст’ на Дејвид Боуви.

Предавањето ќе биде од проф. Пјетро Деандреа од Универзитет во Торино, Италија.

„Пред неколку години искористив песна од Боуви, ‘Лејди Стардаст’, за загревање на почетокот на час по Англиска книжевност со фокус на родови прашања од романтизмот до денес. Како резултат на тој дидактички експеримент ова предавање има за цел да предложи начини на кои песните на Боуви и нивните текстови можат да им помогнат на студентите со емпатија да ја разберат и почувствуваат меѓусебната поврзаност на текстуалната анализа и теоријата овозможувајќи им основа во сферата на јазикот и општествената историја. Мојата намера е да покажам како музиката може да даде скапоцен придонес во книжевните и културолошките студии“, вели Деандреа.

Инаку, Пјетро Деандреа е вонреден професор по англиски јазик и постколонијална книжевност на Универзитет во Торино, Италија.

Објавил неколку монографии како: Fertile Crossings: Metamorphoses of Genre in Anglophone West African Literatures (Rodopi 2002) и New Slaveries in Contemporary British Literature and Visual Arts: The Ghost and the Camp (Manchester UP 2015).

Тој исто така преведува проза, поезија и драма од писатели како Вилијам Шекспир, Мониза Алви, Вилијам Бекфорд, Андре Бринк, Итан Коен, Џон Греам Дејвис, Бучи Емечета и Аби Морган.

Предавањето ќе се одвива на англиски јазик преку платформата Вебекс. Повеќе инфо ТУКА.

Четвртото издание на Студентската музичка пролет годинава е биде со скратена програма, но организаторите ја опишуваат како квалитетна и инспиративна. Оваа интердициплинарна манифестација се одржува од 12 до 23 април по мотото „Време е за култура на универзитетите!“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести