7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Онишченко: Нема основа да ми се одземе државјанството, поднесов валидни документи

Најчитани вести

По вчерашната одлука на Владата да започне постапка за одземање на државјанството на Олекснандр Онишченко, тој изрази изненаденост посочувајќи дека нема основа за одземање на македонското државјанство бидејќи имал поднесено валидни документи. Според член 14 од Законот за државјанство на кој се повикува Владата „решението за прием во држајанство може да се поништи по врачувањето ако се утврди дека странецот при поднесување на барањето за прием во државјанство со природување дал невистинити или неточни податоци, односно се користел со лажни исправи.

„Во моето државјанство нема измама, ниту еден грам. Не знам што да кажам. Побараа од мене да ја претставувам Македонија и да помогнам во подготовката за Олимписките игри. Ако не сакаат, јас ќе го направам тоа на мој начин. Федерацијата побара од мене, Лука Заложник ме прашуваше секој ден. Ги дадов сите официјални документи при апликацијата. Мојот руски пасош и изводот од матичната книга на родените. Имам и руски и украински пасош. Кога аплицирав за македонско државјанство, аплицирав со рускиот пасош. Се натпреварував за Русија претходно. Имам само валидни докумети, не можам да имам невалидни, јас сум официјално лице“, изјави Онишченко во ексклузивна изјава за „Слободен печат“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести