Ѕзездите од серијата „Округот Оринџ“ својата средба ја забележале со фотографија која ги воодушевила нивните фанови на социјалните мрежи.
Серијата „Округот Оринџ“ беше една од најпопуларните тинејџерски серии, а емитувана е од 2005-та до 2007-та година. Ѕвездите на серијата беа Рејчел Билсон (37) која ја глумеше Самер Робертс и Адам Броди (39) кој го играше Сет Коен.
Актерите по многу години повторно случајно се сретнале на аеродром во Њујорк и таа средба ја забележале со фотографија.
„Наидов на стариот пријател од JFK до LAX“ – напишала актерката Рејчел Билсон и додала стихови од музиката на серијата „California, here we come“.
Со коментар се огласил и авторот на популарната серија Џош Шварц и се пошегувал: „Извини, не ја сфаќам оваа финта“, а фановите на популарната серија веднаш посакале продолжение на серијата.
„Сакаме да ве гледаме повторно па дури и на видео снимки кои ќе траат само пет минути. Нас тоа ни е потребно“, „Ова е знак дека треба да се сними уште една сезона“ – биле само некои од коментарите на социјалната мрежа.
Рејчел и Адам три години се забавувале во релниот живот и тоа за време на снимањето на четвртата сезона на серијата.
