0 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Олимпијакос најубедлив во плејофот од ЛШ

Најчитани вести

Грчкиот Олимпијакос ја забележа највисоката победа во првите натпреваро од плејофот за пласман во фудбалската Лига на шампионите. Во Атина, „црвено-белите” го совладаа руски Краснодар со 4:0 и направија голем исчекор кон групната фаза од елитното натпреварување.

Со предност од 2:0 се стекна и хрватскиот првак Динамо Загреб против норвешки Розенборг. Цел натпревар кај загрепчани одигра македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

И српскиот првак Црвена звезда се избори за актвен резултат (2:2) на гостувањето во Швајцарија кај Јанг бојс.

Резултати од натпреварите играни во вторникот:
Клуж – Спарта Прага 0:1
АПОЕЛ – Ајакс 0:0
ЛАСК – Клуб Бриж 0:1.

Реванши средбите на овие мечеви се закажани за 27 и 28 август.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести