Home » Олимписка шампионка бркала крадец, се повреди и ќе го пропушти Светското првенство

Олимписка шампионка бркала крадец, се повреди и ќе го пропушти Светското првенство

by Журнал.мк

Трикратната олимписка шампионка во фрлање кладиво, полската атлетичарка Анита Влодарчик денеска потврди дека нема да учествува на Светското првенство во Јуџин поради истегнување на мускулот.

Таа ќе го пропушти и Европското првенство во Минхен во август.

„Мојата цел се Олимписките игри во Париз во 2024 година, мотивирана сум да дадам се од себе за да се рехабилитирам“, изјави Влодарчик за полските медиуми.

36-годишната светска рекордерка се повредила на неверојатен начин во Варшава. Таа бркала маж кој се обидел да и го украде автомобилот.

„Ми упадна во автомобилот. Сама го фатив и го предадов на полиција. За жал, платив со повреда на мускулот“, изјави Влодарчик.

Таа на Твитер напиша и дека имала успешна операција.

„Самодовербата и оптимизмот не ме напуштија. Имам многу работа за време на рехабилитацијата. Откако ќе ми заврши кариерата, можеби ќе тренирам ММА или борење… Настрада насилникот”, се пошегува Влодарчик.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk