1.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Оливер Спасовски има рок до 21 октомври да формира работната група за ветинг во МВР

Најчитани вести

Предлог-планот за мерки, активности и динамика на спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи беше усвоен на вчерашната владина седница.

„Владата го задолжи министерот за внатрешни работи, најдоцна до 21 октомври 2019 година, да ја формира работната група утврдена за спроведување на процесот на ветингот на вработените во Министерството за внатрешни работи и преку претседателот на Собранието на Република Северна Македонија да побара во работната група да учествуваат најмногу тројца претставници од политичките партии во Собранието на Република Северна Македонија, кои ќе бидат во улога на набљудувачи на процесот на ветинг во Министерството за внатрешни работи“, соопшти владината прес-служба.

Планот, како што се наведува во соопштението, го изработила Работната група, во која покрај претставници на МВР, учествуваат и претставници на академската заедница, Македонскиот полициски синдикат, ОБСЕ, Амбасадата на САД, како и претставници од невладиниот сектор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com