14.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

ОКОЛУ 800 РЕШЕНИЈА ЗА ИЗОЛАЦИЈА СЕ ИЗДАВААТ ДНЕВНО: „Никој не контролира дали седиме дома“

Најчитани вести

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во овој период издава околу 800 решенија дневно, освен за викенд кога бројот на позитивните случаи е помал, односно онолку колку што има официјално регистрирани пациенти позитивни на корона вирусот.

-На лицата кои во некоја од лабораториите се потврдени на ковид-19 со PCR тест или со брз антингенски тест, а кои не развиле симптоми на болест односно се асимптоматски случаи, им се одредува домашна изолација од седум дена од денот на тестирањето, додека оние кои развиле клиничка слика соодветна на вирусот, односно се симптоматски случаи, ќе им се одредува изолација седум дена од денот на тестирањето плус три последователни денови ако лицето е без покачена телесна температура, вели дирекотрката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова, посочувајќи дека бројот на деновите за изолација е намален со одлука на Влада, а по препорака на Комисијата за заразни болести уште во јануари годинава.

-За разлика од претходно кога решенијата за изолација на граѓаните им стигнуваа на Вибер, сега пациентите си ги симнуваат преку www.vakcinacija.mk. Тоа што би сакала да нагласам е дека по завршување на периодот на изолацијата, потребни се дополнителни три дена строго почитување на мерките за лична заштита односно носење заштитна маска особено при престој во затворен простор со други лица, па дури и на отворено ако има големо присуство на луѓе, вели д-р Бухова.

Бројот на деновите за изолација зависи од извештајот на матичните лекари за клиничката слика на пациентите.

-Прегледи вршиме секојдневно. Во овој период има голема трансмисија на вирусот, но не сите пациенти се тестираат иако симптомите укажуваат дека се позитивни на ковид. Ние ги советуваме барем самите да се свесни за опасноста на оваа болест и да отседат дома најмалку три до пет дена. Што се однесува до контактите, за нив секако не е предвидена изолација, особено оние кои се вакцинирани, но и тие знаејќи дека биле во близок контакт со заразено лице, ако ништо друго треба барем маска да стават ако се движат меѓу поголем број луѓе, вели д-р Македонка Попова Спасеска, матичен лекар од ординацијата Мастеса.

Во изјава за Фактор, пак, дел од заразените пациенти, особено оние кои се со симптоми, односно имаат температура, кашлаат, имаат течење на носот, велат дека уредно направиле ПЦР тест, и согласно процедурата издадено им е решение за изолација кое максимално си го почитуваат, но за сите денови додека седеле дома, никој не дошол да ги исконтролира.

-Контроли нема. Во претходниот период беше многу построго и колку што се сеќавам казните за прекршување на изолацијата беа многу високи. Сега се е оставено на совеста на самиот заболен, но за жал не сме сите високосвесни, можеби и заради тоа бројот на новозаразаени е огромен. Сигурно има најмалку пет пати повеќе заразени од официјалната бројка која ја соопштува Министерството за здравство, а кои ниту се тестирани, ниту пак ги почитуваат оние основни мерки за заштита, велат луѓето со кои контактираше Фактор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com