36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Околу 6000 странски туристи ја посетиле земјава во декември лани

Најчитани вести

Во декември минатата година државава ја посетиле 6016 странски гости. Според објавените податоци бројот на странски туристи во овој месец во однос на декември 2019 година бележи намалување од 85,2 отсто. За разлика од странските, кај домашните туристи е забележан раст од 20,7 отсто, а нивниот број во декември 2020 година изнесува 25159.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2020 година изнесува 31175, а бројот на ноќевањата изнесува 60 345.

Бројот на туристите во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, е намален за 49,3 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 49,5 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, е зголемен за 2 отсто, а на ноќевањата на странските туристи е намален за 81,6 отсто.

Во периодот јануари ‒ декември 2020 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на туристите е намален за 60,5 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 18,3 отсто, а кај странските има намалување за 84,4 отсто.

Во периодот јануари ‒ декември 2020 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 48 отсто, при што кај домашните туристи има намалување за 14,2 отсто, а кај странските има намалување за 84 отсто.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести