6.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Оковани со мраз: Водопади на југозападот на Русија претворени во огромни сталактити

Најчитани вести

Студеното време кое минатата недела ја зафатило Краснодарската област, предизвикало необичен феномен – Чинарскиот водопад замрзнал.

Туристите објавил видео-снимки и фотографии на кои се гледаат замрзнатите водопади кои се наоѓаат во околината на селото Мезмај во Апшеронскиот регион.

Водата се претворила во ледени сталактити кои достигнуваат висина од околу пет метри, пишува “Sputnik”.

“Фотографиите и снимките, за жал не пренесуваат ни мал дел од таа ледена бајка. Неверојатно е убаво”, напишала една корисничка на Инстаграм.

Овој феномен привлекува бројни туристи кои доаѓаат да се воодушевуваат на замрзнатите водопади.

Чинарскиот водопад претставува една од локалните атракции на Краснодарскиот крај. Потоците Чинарка речиси секоја зима замрзнуваат, претворајќи се во леден столб.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com