На почетокот од јануарскиот преоден рок Месут Озил ќе се пресели на позајмица во Фенербахче, тврдат англиските медиуми.
Озил е далеку од својата најдобра форма, играчот од средниот ред не се ни труди да се врати на своите најдобри перформанси иако од Арсенал добива огромна плата.
Топчиите во јануари би требало да се ослободат од некорисниот Озил, а конкретен кандидат за неговиот потпис е Фенербахче.
Претставници на Фенер се во Лондон каде што треба да го договорат ангажманот на Озил.
31-годишниот фудбалер оваа сезона има само 11 настапи во сите натпреварувања, нема постигнато гол и има две асистенции.
Поранешниот директор на Ливерпул и Тотнем, Демјан Комоли сега е спортски директор на Фенербахче, турскиот весник „Фотомак“ верува дека тој во текот на наредните денови ќе го комплетира трансферот на Озил бидејќи двете страни се многу блиску до договор.