9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Од 416.614 вакцинирани со две дози, 167 се заразиле со Ковид 19

Најчитани вести

Министерството за здравство информира дека заклучно со 5 август, од 416.614 лица вакцинирани со две дози на вакцина против Ковид 19, 167 лица се заразиле 14 дена по примена втора доза вакцина, а само 11 од нив биле хоспитализирани информираат од Министерството за здравство.

– Ова е показател дека бројот на заразени од вакцинирани е многу мал, што потврдува дека вакцината е корисна, односно е единствениот начин да се смени сликата зa пандемијата, се вели во соопштенето од МЗ.

Според последната анализа во период од 1 до 31 јули, регистрирани се вкупно 809 случаи на позитивни од тестирани за Ковид 19, од нив 82 лица се заразиле по поминати повеќе од 14 дена после вакцинација со втората доза.

Само 10% од сите активни случаи во јули, се заразиле со ковид по примена втора доза. Помеѓу позитивните, има вакцинирани со Синофарм, Астра Зенека, Спутник В, Фајзер, а меѓу нив има и заразени кои се вакцинирале во странство со вакцината на Модерна.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com