7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Од 298 кандидати за градоначалници само 26 се жени

Најчитани вести

Од вкупно 298 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори само 26, односно 8,72 проценти се жени, а 272 или 91,28 се мажи, покажуваат статистичките податоци за поднесените кандидатски листи што ги објави Државната изборна комисија (ДИК).Во Град Скопје и скопските општини најмногу кандидатки за градоначалничката функција има во Кисела Вода, каде што од 6 кандидати 4 се жени, а за градоначалник во Карпош, Бутел, Ѓорче Петров, Чаир, Шуто Оризари и во Сарај партиите не кандидирале ниту една жена.

Жени кандидати за градоначалници нема во повеќето општини низ државата, вклучувајќи ги и поголемите градови. Партиите на кандидирале ниту една жена во Охрид, Струга, Битола, Гевгелија, Прилеп, Кичево, Велес, Струмица, Штип, Кавадарци, Крива Паланка, потоа Лозово, Илинден, Долнени, Врапчиште…

Според возраста, пак, најмногу од кандидатите, 92, се во групата од 36 до 45 години, 89 има во старосната група од 46 до 55 години, 65 во групата од 55 до 65, 42 кандидати се во групата од 27 до 35, 7 се на возраст над 66 години и 3 на возраст од 21 до 26 години. Најмногу од кандидатите за градоначалници се 39-годишни, вкупно 14, а најстариот кандидат има 66 години.

Во однос на родовата еднаквост, подобра е состојбата со поднесените листи за општинските совети. На овие листи има 4.750 жени што е 45,01 отсто и 5.800 мажи, односно 54,99 отсто од кандидатите за советници.

Најголемиот дел од кандидатите за советници се на возраст од 27 до 35 години – 2.700, од 36 до 45 години има 2.490 кандидати, од 46 до 55 години имаат 1.770 кандидати, од 21 до 26 години имаат 1.430 кандидати, во возрасната група од 56 до 65 се 1.160, над 66 години имаат 516 кандидати, а во старосната група од 18 до 20 години се најдоа 477 кандидати за советници.

Во вкупниот број од 10.550 кандидати за општински советници има и шестмина на 80 години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com