5.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Од 24,3% на 31,5% по последниот попис – се зголемува процентот за вработување Албанци на државно

Најчитани вести

Министерството за информатичко општество и администрација, согласно податоците од последниот попис пресметало дека треба да се зголеми процентот на вработени Албанци на државно, односно од 24,3% на 31,5%.

Според информациите кои ги објави СДК.мк, до бројката од 31,54 отсто е дојдено додавајќи ги во пресметката бројките од нерезидентното население од последниот попис и плус уште два отсто од 7-те отсто административно попишани.

Адмирим Алити е министер од јануари годинава, кога неговата партија Алтернатива влезе во владејачката коалиција.

Законот за вработените во јавниот сектор, кој започна со примена во 2015 година, предвидува механизам за распределба на новите вработувања со соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, а врз основа на потребите на самите институции изразени преку Годишни планови за вработување.

Распределбата на нови вработувања се прави електронски преку веб алатка на МИОА, наречена балансер. Најновата верзија на балансерот почна да функционира денеска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com