Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот во Скопје вчера се изречени вкупно 153 мерки, меѓу кои 32 за возење повеќе од дозволената брзин, 10 за возење без возачка дозвола и три за нерегистрирани возила.
Исто така, изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, шест за возач почетник, три за некористење сигурносен појас, четири за непрописно престигнување и обиколување, три за прекршоци што ги чинат мотоциклистите, како и 48 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.