23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Од 15 јануари Хрватска ги заострува мерките на границата, потребен негативен тест и карантин

Најчитани вести

Хрватска ги заостри мерките за преминување на границата, така што од 15 јануари ќе биде потребен негативен тест за коронавирус и карантин од 14 дена, што може да се скрати на седум, ако некој сам изврши ПЦР-тестирање во овластена установа и резултатот е негативен, соопшти шефот на Штабот за цивилна заштита, министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

Тој објасни дека ова е нова одлука за границата, дека сегашната мерка важи до 15 јануари и дека новата мерка е во согласност со препораките на Советот за привремено ограничување на незадолжителното патување, особено во земјите каде се шири нов вид коронавирус.

Списокот на земји како составен дел на оваа одлука ќе го донесе Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ), а во моментов на списокот се наоѓаат Велика Британија и Јужноафриканска Република.

Божиновиќ исто така рече дека поради зголемениот број луѓе кои патуваат со цел да доставуваат помош, воведени се посебни правила, така што тие ќе можат да влезат во Хрватска врз основа на претходна согласност од Главниот штаб, односно без тест.

И за патниците кои влегуваат во Хрватска од итни причини, погреб, лекување, престојот ќе биде одобрен најмногу 12 часа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести