-8.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Од 10 декември започнува украсувањето на Скопје за Нова година

Најчитани вести

Од Град Скопје соопштија дека новогодишното украсување на Скопје ќе започне на 10 декември.

„На повикот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, до компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза, се јавија компании заинтересирани да помогнат“, истакнуваат од оваа институција.

Ова е време кога, како што додаваат од таму, работите треба да се менуваат.

„Кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без финансиски импликации по градот„ изјави градоначалничката Арсовска по средбата со компанијата Линк Медиа.

Од компанијата најавиле дека со украсување ќе започнат на 10 декември.

„Град Скопје и Линк Медиа спогодбено го раскинаа договорот за новогодишно украсување на Скопје, што беше склучен во месец октомври оваа година“, потенцираат во соопштението од Град Скопје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com