29.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

Од 1 јануари транзитна испорака на природен гас од „Турски поток“ кон Грција и Македонија

Најчитани вести

Од 1 јануари 2020 година ќе почне транзитната испорака на природен гас од „турски поток“ кон Грција и Македонија, изјави извршниот директор на „Булгартрансгаз“, Владимир Малинов.

Според него, компанијата ќе почне оваа недела да го полни со гас гасоводот од 11 километри и дека до 15 декември Бугарија ќе биде целосно подготвена за почеток на испорака на гас. Турција ќе се подготвува до 20 декември.

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Бугарија за намерно одолговлекување на реализацијата на „Турски поток“.

Тој истакна дека доколку Софија не сака да заработи за транзит на гас, Москва ќе најде други опции.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов одговори дека изградбата е одложена поради процедурални причини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com