-4.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Од ќелија во Идризово глумел директор и измамил седум лица

Најчитани вести

Седум месеци од ќелија во Идризово глумел директор и по телефон измамил седум лица.

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 34-годишен скопјанец осомничен за измама. Тој се претставувал по телефон дека е директор и успеал да измами седум лица од кои „заработил“ 315 000 денари. Тој во периодот од 2 јули 2019 до 13 февруари 2020, додека бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ – Скопје, преку мобилен телефон лажно се претставувал како сопственик или раководител на различни фирми. Успеал три лица од Тетово, двајца од Скопје, еден од село Џепчиште и еден од село Беловиште да убеди дека неговата фирма деловно ќе соработува со нив и од нив успеал да земе парични средства од околу 315.000 денари. Полицијата му поднесе кривична пријава за измама.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com