На меѓународниот аеродром во Тирана вчера доброволно се вратени 120 албански државјани, баратели на азил во Франција, избегнувајќи можни казни што произлегуваат од непочитување на дозволата за престој на во шенген зоната.
Според француските власти, ова е една од најголемите операции за депортирање на доброволна основа, што се смета за помошен елемент во спречувањето на неправилното движење во шенген зоната. Надлежните во Тирана, во исто време, апелираа до сите албански граѓани да не ја злоупотребуваат слободата на движење. Пред три дена 100 албански граѓани беа депортирани од Франција, Белгија и од Германија, бидејќи ги прекршиле правилата за престој во земјите на унијата или барале азил.