Home » Од ФК Детонит Плачковица храбро најавија: Нашата цел сезонава е пласман во Прва лига

Од ФК Детонит Плачковица храбро најавија: Нашата цел сезонава е пласман во Прва лига

by Lina Muslija

Управата на ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА со задоволство ја изразува својата благодарност до генералниот спонзор – фирмата „ДЕТОНИТ“ и компанијата „ТРАЈАЛ“ од Крушевац и секако до Градоначалникот и Советот на општина Радовиш за досегашната и идната поддршка.

Особено сме горди што покрај поддршката на Фудбалскиот клуб, добивме и директна поддршка за обнова на спортската инфраструктура и поставување на ново фудбалско игралиште со вештачка трева.

Ова е сериозен приоритет за нас и за нашата општина во делот на омасовување на активноста на младите спортисти – фудбалери, градење на нови генерации фудбалери со кои ќе се гордееме сите и продолжување на традицијата на Радовиш како успешен фудбалски град. Особено се радуваме и на тоа што тројца наши млади фудбалери веќе беа на тест-подготовки во Крушевац и има иницијатива од нашите пријатели Ф.К.„Трајал“ за нивен професионален ангажман.

Драги пријатели, ние нема да застанеме тука. Во најблизок период очекуваме позитивна вест и од Фудбалската федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт за обнова на постоечката тревна површина на градскиот стадион како и обнова на помошниот стадион во Раклиш. Со тоа практично ќе ја заокружиме инфраструктурата и ќе добиеме идеални услови за тренинзи на сениорските и младинските категории, како и можност за натпреварување во повеќе категории, што е на задоволство на сите љубители на фудбалот.

Нашата цел и оваа година е една и единствена – влез во првата Македонска лига и очекуваме целосна поддршка од граѓаните со цел заеднички да придонесеме да уживаме во најважната споредна работа во животот – фудбалот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More