20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Од „Фајзер“ ПОТВРДИЈА: Договорот со Македонија не е финализиран

Најчитани вести

Компанијата Фајзер се уште е само во фаза на разговори со македонската Влада. Од таму за ТВ 24  велат дека се уште нема финален договор помеѓу Македонија и компанијата.

„Разговараме со Владата во врска со пристапот до вакцината Фајзер/Бионтек, но во моментов немаме финализиран договор.“ – велат од Фармацевтска компанија „Фајзер“, за ТВ 24.

Што е потребно за да се финализира договорот, за колку вакцини се преговара и кои услови треба да ги исполни Македонија за да ги добие вакцините  – одговор од ТВ 24 велат дека не добиле.

Според информациите на министерот Филипче, пак „Фајзер“ го подигнала нивото на внимателност, поради што сега бара допоплнителни документи во делот на безбедноста.

„Ние денеска ќе го добиеме тој документ, така најавија, во однос на тоа што точно ќе се бара и ќе ја известиме јавноста, но сакам да кажам дека јасно ни беше кажано дека овие мерки на внимателност важат за буквално сите земји во светот и веројатно тоа е една од причините зошто толку се чека на деталите за овој договор.“ – изјави Филипче.

Министерот Филипче и Владата уште во јануари се пофалија и тврдеа дека Македонија има обезбедно 800.000 вакцини преку директни преговори со „Фајзер“, и покрај тоа што до денеска немаат потпишано никаков официјален договор за набавка на овие вакцини.

Во следните недели се очекува да пристигнат вакцините на „Астра-зенека“ преку КОВАКС системот. Станува збор за 100.800 дози кои треба да ги добие Македонија преку првата распределба.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести