2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Од утре полициски час од 20 часот до 5 часот наутро

Најчитани вести

Полицискиот час на територијата на целата држава кој беше воведен на 10 март, а траеше од 22 до 5 часот наутро, од утре ќе почнува во 20 часот, се до 20 април, одлучи Владата на денешната седница.

Обложувалниците ќе бидат затворени од 7 до 20 април, а фитнес клубовите од 6 до 20 часот. Исто така, забрането е одржување на конференции и обуки од 6 до 20 април, извести премиерот.

Сите угостителски објекти ќе можат да работат само со достава и нарачки, но гости не смеат да примаат.

  • Целосна забраната за посетители и гости во кафетерии, ресторани, барови и клуови и други објекти кои во склоп на истиот кои даваат угостителски услуги, хотели, мотели, хостели и други објекти за сметување, бензински станици, а оние кои вршат подготовка и продажба на храна можат да продаваат онлајн и со телефонски нарачки и сите заедно да вршат достава или да овозможуваат самостојно подигнување на нарачката почнувајќи од 7 април среда до 20 април 2021 година, рече премиерот Заев.

Исклучок од ова се угостителски објекти на аеродромите во Скопје и Охрид и угостителски објекти во сместувачки капацитети, хотел, мотел, хостел, пансион и други објекти.Ваквата одлука доаѓа по зголемените бројки на новозаразени и починати од Ковид-19 изминатите денови. Оние кои се вакцинирале смеат да се враќаат до своите живеалиште за време на полицискиот час, но со покажана потврда за извршена имунизација, угостителските објекти и кладилниците се затвораат.

Оние кои имаат миленици и живеат во згради смеат да ги изнесуваат надвор од 22 до 23 часот, останува и препораката за забрана за групирање на повеќе од 4 граѓани.

Во моментов бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјава изнесува 21.630. Министерството за здравство претходно соопшти дека на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјата се лекуваат 1.720 лица, и додаде дека има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com