17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Од утре за влез во објектите ќе се бара сертификат за две дози вакцина

Најчитани вести

Од утре во трговски центар, ресторан, кафуле или во каков било друг објект од затворен и отворен тип ќе може да се влегува само со сертификат за две примени дози од антиковид вакцината или потврда за прележан ковид во последните 45 дена. 

Досега, за влез во објекти беше доволна една примена доза од вакцината против ковид-19, но Владата на 26-ти октомври одлучи да се бара потврда за целосна имунизација, а мерката стапува на сила од утре. 

Од Министерството за здравство ги повикуваат граѓаните да се вакцинираат. 

„Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни. Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот“ – велат од МЗ.

Комисијата за заштита од заразни болести во петокот го одржа последниот состанок, на кој беше одлучено дека други рестриктивни мерки не се потребни во овој момент, но министерот за здравство рече дека не се исклучува и можноста за воведување на некакви рестрикции за невакцинираните граѓани. 

Дел од лекарите ги оправдуваат ваквите рестрикции за граѓаните кои одбиваат да примат вакцина. 

Директорот на Институтот за имунологија, проф. д-р Александар Петличковски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека рестриктивните се поефикасни од стимулативните мерки. 

„Од она што го гледам, рестриктивните мерки повеќе даваат резултат, а тие значат забрана за посета на затворени простории, задолжително тестирање на трошок на оној кој не се вакцинирал, лекување во случај на заболување на трошок на тој кој не се вакцинирал. Јас ги оправдувам сите вакви мерки, коишто ќе ја зголемат стапката на вакцинација, бидејќи според сите научни докази вакцинацијата е најјасниот излез од кризата“ – вели доктор Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија“. 

Вакцинацијата со месеци наназад стагнира, а интересот кај граѓаните опаѓа. 

Македонија е меѓу земјите со најниска стапка на вакцинација. Според последните податоци на Министерството за здравство – само 37% од целокупното население во земјава има примено две дози вакцина. 

Во меѓувреме бројките на новозаразени повторно почнаа да растат. Последниот неделен изештај на Институтот за јавно здравје покажа дека за 25% е зголемена бројката на новодијагностицирани со ковид за само една недела.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com