МИнистерот за здравство Венко Филипче, соопшти дека утрово на Комисијата за заразни болници се донеле одлуки за укинување на полицискиот час и ограничувањата за собири и организација на настани, концерти и забави.
Одлуките ќе бидат предложени до Кризниот штаб, асе предлага од среда, 16 јуни да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова.
Исто така, се предлага да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.
Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.