21.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Од сообраќај исклучени 213 возачи во Скопје

Најчитани вести

Скопје, 25 ноември- Во текот на 22, 23 и 24.11.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 49 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 213 возачи, од кои: 132 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 59 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и 22 возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 56 возила, од кои 55 возила бидејќи биле нерегистрирани и едно возило поради претовар. Санкционирани се 10 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување, седум возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, четири возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 25 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците, санкционирани се три пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 228 мандатни платни налози и 173 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести