Под влијание на циклонска активност утре и за време на викендот времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кој најпрвин ќе ги има на запад и со полсаб интензитет, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи ќе има за време на викендот кога истите ќе се прожират насекаде а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.
Најинтензивни врнежи за време на викендот ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог, додека на планините со надморска височина од над 1500 метри снежната покривка значително ќе се зголеми (над 40 сантиметри), и тоа особено во западните предели .
Во понеделник ќе дува засилен западен ветер, меѓутоа доцна попладне и во вечерните часови од север ќе започне да се спушта СТУДЕН ВОЗДУХ кој ќе услови ново заладување на времето и врнежи од снег и формирање на снежна покривка на повисоките населени места. Од понеделник навечер врнежи од снег ќе има понекаде и на ниските места (градовите), со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. Од вторник максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од -3 до 6 степени во најтоплите предели од државава, додека наутро понекаде температурите ќе се спуштат и под -10 степени.
За време на ова заладување, повторно и во Скопскиот регион се очекуваат снежни врнежи.