13 C
Skopje
Sunday, May 9, 2021

Од петок задолжителна онлајн регистрација пред влегување во Австрија

Најчитани вести

Од петок на австриските граници ќе се применува уште построг режим на влез. Соодветната уредба ќе биде донесена деновиве, а министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг, веќе ги извести Австријците во странство за новата мерка.

Тековната мерка за задолжителен десетдневен карантин за сите што доаѓаат во Австрија од ризични региони и земји е продолжена до ново известување. Карантинот може да се прекине со негативен тест само по пет дена изолација.

Дополнително, се воведува обврска за онлајн регистрација пред влегување во земјата. Регистрацијата е задолжителна не само за странци, туку и за австриски државјани.

Како и досега, преку новата мерка се изземени прекуграничните работници, транзитниот сообраќај, како и лицата кои мораат да одат во Австрија поради итни семејни обврски, како и лицата кои се на службено патување, кои нема да треба да одат во карантин или да се регистрираат.

При онлајн регистрацијата, лицето не само што ги наведува името и презимето, како и информациите за контакт, туку и каде престојувало пред патувањето. Така, австриските власти сакаат да обезбедат, на пример, некој што патува од Шведска во Финска, и оттаму во Австрија, да не избегнува карантин, бидејќи Финска е на „зелената листа“ на земји од кои патниците не треба да бидат ставени во карантин.

Покрај тоа, мора да се наведе адресата во Австрија, како и должината на престојот во земјата.

Формуларот што треба да се пополни може да се најде на веб-страницата www.oesterreich.gv.at на германски и англиски јазик.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести