18.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Од паметни телефони до возила – „Huawei“ го претстави својот прв автомобил

Најчитани вести

Кинескиот технолошки гигант го проширува својот бизнис во автомобилската индустрија.

Првиот модел на компанијата „Huawei“ е претставен на шангајскиот авто-салон под ознаката „SF5“. Станува збор за кросовер со plug-in хибриден погон, при што бензинскиот мотор служи само како генератор на електрична енергија за да се зголеми автономијата во возењето.

Инаку, автомобилот е развиен во соработка со компанијата „Cyrus“, а ќе се продава под брендот „Seres“.

Станува збор за прилично комфорно возило кое според димензиите спаѓа во категоријата на SUV возила како „Audi Q5“.

Внатрешноста е, очекувано, максимално дигитализирана, со богати содржини и квалитетни материјали. Возачот и патниците ќе можат да уживаат во амбиенталното осветлување, седиштата со масажна функција како и т.н. „ѕвездено небо“.

Високиот стандард е задоволен и во поглед на достапните системи за асистенција на возачот, а особено внимание е посветено на звучната изолација за која произведувачот тврди дека според карактеристиките е на самиот врв на пазарот.

Погонскиот систем се состои од 2 електромотори со вкупна комбинирана сила од 551 коњски сили (405 kW) и максимален вртежен момент од 820 Nm. Тука е и 1.5-литарскиот бензински мотор кој работи исклучиво како генератор за полнење на батериите.

„Seres SF5“ забрзува од 0-100 км/ч. за само 4,7 секунди, а радиусот на движење исклучиво со помош на батерии изнесува 180 километри додека автономијата се зголемува за над 1000 километри кога ќе се активира бензинскиот мотор.

Она што е интересно е што „Huawei“ одлучи да го понуди овој автомобил по цена од околу 27.710 евра и тоа веќе од мај, но за жал, засега само на кинескиот пазар.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести