17.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Од март, Интер со скратено име и со ново лого

Најчитани вести

Од почетокот на март оваа година, миланскиот гигант Интер и официјално ќе го промени името и логото. Всушност станува збор за кратење на официјалното име на клубот „ФЦ Интернационале Милано“ кое во иднина ќе биде скратено во „Интер Милано“.

„Газета дело Спорт“ пишува дека веќе се работи и на промена на логото кое ќе ги има буквите ИМ.

„Тоа е иновација на која работиме со месеци. Интер ќе влезе во нова ера. Тој ќе се претстави со нов изглед, ново стилско лого, но верно на класичната линија. Интер Милано има за цел да го искористи потенцијалот на брендот дури и во овие времиња на оскудна ликвидност“, се вели во изјавата од клубот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести