Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе паузира повеќе од три недели и нема да биде во комбинација за неколку важни натпревари на неговиот тим.
Французинот ја обнови повредата на стапалото на дербито со Арсенал во понеделникот, а по лекарските прегледи стана јасно колку ќе паузира.
„Погба повторно има проблем со стапалото и ќе биде надвор од терените три недели. Би сакал да биде со нас, но не е во можност“, откри селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп.
Ова значи дека тој нема да игра против Партизан во Белград во следното коло од Лигата Европа, а ќе ги пропушти и дуелите со Њукасл в недела и Ливерпул по репрезентативната пауза. Јунајтед игра очајно сезонава, а отсуството на Погба ќе биде уште еден голем проблем за Солскјер.