До крајот на годинава нашата Армија ќе може да обезбеди борбени возила како резултат на договор меѓу македонската и американската влада, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање што планира да набави земјава во рамки на програмата на Пентагон за помош на некои сојузнички држави за заменана на опремата од руско производство, од која за нашата држава се предвидени 30 милиони долари за набавка на воени возила.
Таа појасни дека во новиот Закон за јавни набавки во одбраната и безбедноста е оставена можноста државата да може да спроведуваа модернизација на Армијата во договор со друга земја членка на НАТО, без мешање на интереси на фирми и поединци.
„Јас се надевам дека сега откако законот е усвоен, ќе можеме да влеземе во посериозната фаза од разговори со САД и да ги искористиме овие можности кои не беше лесно да се добијат“, изјави Шекеринска.