4.1 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Од корона почина легендарниот голман Драган Пантелиќ

Најчитани вести

Легендарниот голман Драган Пантелиќ, почина на 69-годишна возраст од коронавирусот. Пантелиќ, починал утрово во Клиничкиот центар во Ниш.

Најголемиот дел од кариерата го помина во Раднички Ниш, а беше дел и од најславната генерација на клубот, наречена „Реал од Нишава“. Раднички во 1982 година играше полу-финале во Купот на УЕФА.

Бранеше за Југославија на Светското првенство во Шпанија во 1982 година, а во периодот од 1979 до 1984 година бранел на 19 натпревари за Југославија.

Во кариерата бранел за Лешница, Раднички, Графичар, Бордо и Тимок. Постигнал 15 голови во кариерата. Најпознат е голот од 1980 година, кога од својот шеснаесетник го совлада колегата од Вележ, Енер Мариќ.

По завршувањето на кариерата бил претседател на Раднички Ниш и пратеник во Собранието на Србија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com