-3.2 C
Skopje
Tuesday, January 18, 2022

Од коронавирус почина 15-годишно девојче

Најчитани вести

На Клиниката за инфетктивни болести и фебрилни состојби почина 15-годишна пациентка од село Селце, Тетовско.

Според информациите од Министерството за здравство, пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективната клиника откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста.

Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, а од Министерството велат дека пациентката имала обезитас, односно прекумерна телесна тежина.

Според кажувањата на таткото на девојчето, и мајка ѝ починала од коронавирус.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com