23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Од коронавирус почина д-р Сенат Грбовиќ

Најчитани вести

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на „Фејсбук“ објави дека од компликации од коронавирус починал 53-годишниот лекар д-р Сенат Грбовиќ.

Со години работел како лекар во Брзата помош во Здравствениот дом во Скопје, а од почетокот на годинава почнал со работа во приватна лабораторија.

Од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на „Фејсбук“ искажаа сочуство:

„Уште една загуба на лекар во оваа пандемија. Сочувство до фамилијата на д-р Сенат“, напишаа на објавата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести