-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Од концерти до филмски премиери: Филхармонија стана гала место во Скопје

Најчитани вести

Македонската филхармонија, лоцирана во центарот на Скопје, отаде Камени мост, стана гала место за премиери, концерти, свечености и коктели. Веќе не е „дом“ само на класичната музика, со отмени гости и протоколарен дрес-код, иако таа естетска слика веќе се „замаглува“ со удобен и тренди изглед . Пространа, целата во стакло и помалку футуристички изглед, отскокнува од барокното соседство, и веќе на влезот, веднаш се чувствувате пријатно и нималку помпезно.

Зошто домашната и регионална поп-естрада, филмските режисери, функционери и бизнис елити ја избираат Филхармонија за гала случување?

Најверојатно, сакаат убав, полн звук, песните да звучат како симфонија, со оркестар, интимно, и отмено, со дотерани и уважени гости. Класичен амбиент место стадиони со неудобни столчиња, турканица за влез, турканица за излез, скриени пушачи кои ги открива димот од цигари. Доволен простор за дружења надвор и внатре, со вино, коктели или мезиња. Оваа традиција ја имаше и порано, некако ја врати прво гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, па Каролина…

И публиката не сака да се бутка на влезот, да ја претресува обезбедување, сака да гази по црвен килим, да седи на удобни седишта, да има чувство дека е на концерт, премиера, коктел- некаде низ Европа.

Нема да се откажеме од мобилките, и понатаму ќе ѕвонат и ќе ги вознемируваат и музичарите и гостите, и понатаму ќе пишуваме пораки на концерти или ќе сурфаме, ама чувството во Филхармонија не прави како да сме многу важни, и ние и пејачите, актерите, и другите уважени домаќини и гости.

Скопје, иако главен град и метропола, не може да избира меѓу многу акустични сали за совршен звук и интимно чувство, изборот се сведува на ова или она, гага, подарени или купени од џеб влезници, сега, се поскапи за нашиот стандард и особено ако сте во двојка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести