Актерот Љупчо Тодоровски-Упа почина денес на 65 години по компликации од Ковид-19.
Љупчо Тодоровски –Упа покрај со актерство, се занимаваше и со театарска режија, филмска и ТВ продукција и пишување сценарија.
Глумел на осум јазици во над 30 филмови и ТВ серии, има петнаесетина театарски режии, десетици и десетици улоги во проекти и театарски куќи низ цела поранешна Југославија, како и безброј разни други сценски настапи.
„Професијата глума ја доживува како фрлање зрак светлина во туѓите животи“, се вели во неговата биографија во Кинотеката.
Неговата последна улога е во филмот „Налепница“ на Георги М. Унковски, а играше и во филмовите: „Ругање со Христос“, „Џган“, „Јазол“, „Одмазда“ и „Пред дождот“.