16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Од запален контејнер се запалија три возила во Марино

Најчитани вести

Oд запален контејнер опожарни се три возила во селото Марино.

Утрово во 04.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата„533“ во Марино, општина Илинден настанал пожар во пластичен контејнер за рециклирање на отпад. Тој зафатил три возила: „фолксваген голф“, сопственост на И.П.(36) од Скопје, „хјундаи“,сопственост на К.П.(36) од Марино, двете со скопски регистарски ознаки, и „даеву матиз“, со тетовски ознаки, сопственост на И.Ј.(38) од Марино. Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила огнот. Во пожарот нема повредени, а увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com