17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Од денес поевтин само дизелот, бензините по стара цена

Најчитани вести

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и оваа недела останаа исти, а според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намали за 1,50 ден/литар.

Еуросупер БС-95 и натаму се продава за 73 денари/литар, Еуросупер БС-98 за 75 денари/литар, а Еуродизел (Д-Е V) од денеска чини 62 денари/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголеми за 1,00 ден/литар и чини 64 денари/литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 се зголеми за 0,786 денар/килограм и сега изнесува 39,181 ден/кг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com