27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Од денес пари на сметките на пензионерите

Најчитани вести

Од денеска на сметките на пензионерите ќе почне етапното исплаќање на пензиите на пензионерите за месец април.

Надлежното министерство ова го прави со цел да има поголема заштита на оваа категорија граѓани во услови на состојба со коронавирус.

Имено, оние кои пензијата ја вадат преку платежна картичка, на сметките денес ќе имаат пензија со која ќе може да располагаат уште веднаш од овој ден.

Додека пак, за оние кои пензијата ја подигаат преку филијалите на банките, исплаќањето ќе оди етапно или оние кои земаат пензија до 11 илјади денари, ќе имаат пари денес.

Пензионери со пензија од 11.001 до 14 000 денари пензијата ќе ја имаат во вторник, оние со пензија во висина од 14 001 до 18 000 денари исплата ќе добијат во среда додека оние над 18 001 ќе земат пензија во четврток на 29 април.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести