1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Од денес официјално почнува изборната кампања во Хрватска

Најчитани вести

Кампањата за претседателските избори официјално почнува денеска во Хрватска, откако Државната изборна комисија го објави списокот со кандидати напладне.

Претседателските избори во Хрватска се закажани за 22 декември.

Потписи за поддршка поднеле 12 кандидати, а кандидатурата на Слободан Миџиќ нема да биде потврдена бидејќи поднел само еден потпис на поддршка до ДИК, наместо 10 000.

Останатите кандидати се Колинда Грабар-Китаровиќ, Зоран Милановиќ, Мирослав Шкоро, Мислав Колакушиќ, Катарина Пеовиќ, Далија Орешковиќ, Дејан Ковач, Иван Пернар, Дарио Јуричан (Милан Бандиќ), Анто Џапиќ и Недељко Бабиќ, пишува „Јутарњи лист“ од Загреб.

Иако кампањата официјално почнува денес, таа практично трае од летото оваа година, а според загрепскиот весник, најмногу пари за тоа потрошиле сегашната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, потоа Мирослав Шкоро и Зоран Милановиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести