29.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Од денеска се точи поскап бензин

Најчитани вести

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од денеска се поскапи за 1 денар за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 0,5 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,772 денари и сега ќе изнесува 36,009 денари за килограм.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги малопродажните цени на нафтените деривати се зголемија во просек за 1,5 отсто.

Ова се актуелните цени на нафтените деривати:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 69,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 71,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 36,009 (денари/килограм)

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com