18.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Од денеска повисоки цени на горивата

Најчитани вести

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемија за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се зголеми за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголеми за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,510 ден/кг и сега изнесува 52,294 ден/кг.

Од 4.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 86,00 (денари/литар)

Моторен бензин еуросупер БС – 98 88,00 (денари/литар)

Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,294 (денари/килограм)

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com